Почетна Хостирање Домени ЧПП Контакт

Windows is a registered trademark of Microsoft Corporation in the United States and other countries.
Бурчесофт 2006 - 2011

Услови Приватност Нарачки Регистрација Помош Контролен панел Web mail
ЧПП - Често Поставувани Прашања
Кои се именските послужувачи (nameservers) на whost?

ns1.burcesoft.net - 46.4.207.162

ns2.burcesoft.net - 46.4.207.163

Дали ќе добијам пристап до cPanel или Plesk?

Не. Една од причините за ниските цени на пакетите е и таа што не плаќаме скапа лиценца за контролен панел. Контролниот панел е наша "измислица" и иако сеуште е во активна изработка, главните работи функционираат.

 

Дали ќе имам потполна контрола врз мојот хостинг пакет со
вашиот контролен панел?

Наша цел е да имате исто ниво на контрола како и со познатите контрол панели. Доколку мислите дека нешто битно недостасува, слободно контактирајте не и наведете што ви треба. Во најмала рака, ние рачно ќе ги извршиме подесувањата што ви требаат.

Дали има некакви ограничувања во функционалноста на акаунтот
во 7 дневниот тест период?

Не, се работи за потполно функционален акаунт. Сите опции и ресурси што ќе ги изберете ги имате на располагање уште од првиот ден.

 

Дали можам да креирам повеќе тест акаунти?
Всушност, колку тест-акаунти можам да креирам?

Дозволено е креирање на само еден тест акаунт од едно физичко/правно лице.

Што ќе се случи со мојот акаунт доколку не уплатам за продолжување на пакетот?

Доколку се работи за тест акаунт, по истекот на 7-те дена веб пристапот до хостираните апликации ќе биде суспендиран и податоците можат да бидат избришани во секој момент. Доколку се работи за акаунт за кој само тековниот циклус не е платен, акаунтот ќе функционира нормално во наредните 7 дена. Следните 7 дена веб пристапот ќе биде суспендиран, но ќе можете да пристапите преку FTP. По 14-тиот ден, акаунтот ќе биде автоматски избришан.

 

 

 

Како можам да платам за пакетот што го избрав?

Плаќањето се врши исклучиво со уплата на нашата жиросметка во
Стопанска Банка АД Скопје или НЛБ - Тутунска Банка.

Уплатата може да се изврши од било која банка или пошта во Македонија, но при уплата во некоја од овие две банки информацијата за уплатата стига побргу до нас. Во "Цел на дознака" пожелно е да ја наведете шифрата на сметката што ја плаќате (заради автоматска обработка).

 

Дали бесплатниот тест период е навистина бесплатен?

Откако ќе се регистрирате, вашиот акаунт е веднаш спремен за користење. Притоа добивате и сметка што треба да ја платите во наредните 7 дена. Сметката што ќе ја платите важи за периодот по истекот на 7-те дена, значи 7-те дена се бесплатни.

Но, што ако не ја платам сметката по истекот на тест периодот?

Ако во предвидениот рок од 7 дена на ја платите сметката, ќе сметаме дека не сте задоволни од хостингот и вашиот акаунт ќе биде суспендиран.