Каде се наоѓа серверот на whost?
|
Серверот е лоциран во Германија.
|
Кои се именските послужувачи (nameservers) на whost?
|
ns1.burcesoft.net 78.159.101.119
ns2.burcesoft.net 78.159.101.126
|
Дали ќе добијам пристап до cPanel или Plesk?
|
Не. Една од причините за ниските цени на пакетите е и таа што не плаќаме скапа лиценца за контролен панел. Контролниот панел е наша "измислица" и иако сеуште е во активна изработка, главните работи функционираат.
|
Дали ќе имам потполна контрола врз мојот хостинг пакет со вашиот контролен панел?
|
Наша цел е да имате исто ниво на контрола како и со познатите контрол панели. Доколку мислите дека нешто битно недостасува, слободно контактирајте не и наведете што ви треба. Во најмала рака, ние рачно ќе ги извршиме подесувањата што ви требаат.
|
Дали има некакви ограничувања во функционалноста на акаунтот во 15 дневниот тест период?
|
Не, се работи за потполно функционален акаунт. Сите опции и ресурси што ќе ги изберете ги имате на располагање уште од првиот ден.
|
Дали можам да креирам повеќе тест акаунти? Всушност, колку тест-акаунти можам да креирам?
|
Дозволено е креирање на само еден тест акаунт од едно физичко/правно лице.
|
Ние сме тројца другари, сакаме да хостираме по еден веб сајт. Дали треба секој од нас да се регистрира посебно?
|
Не. Но, вашите веб апликации ќе го делат просторот и трансферот меѓу себе.
|
Што ќе се случи со мојот акаунт доколку не уплатам за продолжување на пакетот?
|
Доколку се работи за тест акаунт, по истекот на 15-те дена веб пристапот до хостираните апликации ќе биде суспендиран, но ќе можете да пристапите преку FTP. По 3 дена целиот акаунт ќе биде автоматски избришан. Доколку се работи за акаунт за кој само тековниот циклус не е платен, акаунтот ќе функционира нормално во наредните 7 дена. Следните 7 дена веб пристапот ќе биде суспендиран, но ќе можете да пристапите преку FTP. По 14-тиот ден, акаунтот ќе биде автоматски избришан.
|
Како можам да платам за пакетот што го избрав?
|
Плаќањето се врши исклучиво со уплата на нашата жиросметка во Стопанска Банка АД Скопје. Уплатата може да се изврши од било која банка или пошта во Македонија, но при уплата од филијала на Стопанска Банка информацијата за уплатата стига побргу до нас. Во "Цел на дознака" задолжително наведете ја шифрата на сметката што ја плаќате (заради автоматска обработка).
|