Прва страна
15 дена тест период, активирање веднаш!

Бесплатен домен од типот ime.wh.mk

Можност за месечно плаќање, цени веќе од
90 ден!
Влез во Контролниот панел

Пакети за хостирање
Домени за регистрација
Како да купам?
Што е вклучено?
Правила за користење
Корисни линкови

Пишете ни

Заработка за соработници

Имате сопствен вебсајт или блог? whost.mk нуди можност за заработка на одреден процент од секоја продажба за своите соработници.

Сакам да се зачленам!
Влез за соработници

Како функционира?

Се регистрирате како сораборник на whost.mk преку оваа страна. По успешната регистрација ќе можете да се најавите во контролниот панел за соработници и да креирате линкови и купони за попуст и да пратите во реално време кој дошол, се регистрирал или уплатил преку Ваш линк. Линковите и/или купоните за попуст што ќе ги креирате можете да ги промовирате на Вашиот веб сајт или блог. Сите корисници на whost.mk што ќе се регистрираат преку некој од вашите линкови (или користејќи некој од Вашите купони за попуст) се бележат како Ваши во нашата база. Со тоа со секоја нивна уплата добивате одреден процент од крајната сума. Значи, еднаш заведениот корисник како Ваш останува засекогаш Ваш.


Колку посто добивам од продажбата?

Почетното ниво во кое спаѓате по регсистрација како соработник ќе Ви обезбеди 10% од секоја продажба. По надминувањето на одреден праг акумулирана сума заработени пари како соработник, преоѓате во повисоко ниво. Подолу се излистани нивоата:


Ниво Процент Праг
Ниво 1 10%
Ниво 2 15% 500 денари
Ниво 3 20% 3000 денари
Ниво 4 25% 5000 денари

Значи, колку повеќе продажби имате, толку поголем процент од продажбата оди за Вас. Како пример, за да поминете од ниво еден во ниво два, доволно е да продадете 6 пакети за хостирање од 900 денари (6 * 900 = 5400 денари, 10% е 540 денари со што е надминат праг 2).


Што треба да знам за купоните за попуст?

Доколку мислите дека со одреден попуст на официјалните цени на whost.mk ќе имате поголеми шанси за продажба, можете да креирате купони со одреден процент попуст, помал или еднаков на вашиот процент на заработка. Како пример, ако сте во првото ниво и имате 10% заработка од секоја продажба, можете да креирате купон за попуст од 5% со што се откажувате од 5% од првата уплата на купувачот за тој/таа да добие 5% попуст. Попустот се однесува само на првата уплата, за секоја наредна важат нормалните цени, но сега купувачот е заведен како Ваш, со што Вие го добивате целиот процент (во случајот 10%) од секоја негова наредна уплата (регистрација на домен, продолжување на хостинг пакет итн). Попустот мора да е помал или еднаков на Вашиот процент на заработка.


Како ќе ги добијам парите?

Парите ги исплаќаме исклучиво преку MoneyBookers најдоцна два работни дена по надминување на одредена сума што Вие ја одредувате како минимална за исплата (не помала од едно Евро). MoneyBookers трошоците за трансакцијата ги покриваме ние, значи Вие ја добивате целата сума.


Сакам да се зачленам!
Прва странаПакети за хостирањеДомени за регистрацијаЧесто поставувани прашањаПомош
Windows is a registered trademark of Microsoft Corporation in the United States and other countries.

Бурчесофт ТП - Скопје © 2009 
Прва страна